KIA X-Ceed – Останува во понудата

Со направениот редизајн X-Ceed е единствениот модел што преживеа од четиричлената линија.

Без никакви претходни најави, тивко и без помпа, KIA објави дека производството на X-Ceed ќе започне во фабриката во Жилина. Ова помалку е зачудувачка вест бидејќи останатите изведби, Ceed, Sportwagon и Proceed му отстапија место на новиот K4. Кросоверот го доби својот втор и најзначаен фејслифт, со што се изедначи со остатокот од моделите на KIA во однос на дизајнот и технологијата. Визуелно, XCeed го усвојува најновиот стилски јазик, позајмувајќи елементи од електричните возила на производителот.

Реновираната контролна табла има модерен дигитален кокпит со двојни 12,3-инчни дисплеи позајмени од останатите модели на куќата. Моделот, исто така, доби двокрак волан и постилска централна конзола. Конечно, белиот тапацир на седиштата на прикажаниот пример има интересен дезен, со соодветни влошки на воланот и картите на вратите. Kia сè уште не ги објаснила погонските склопови на фејслифтираниот модел, но потврди дека ќе понуди бензински и блага хибридна опција, што веројатно значи дека plug-in хибридот нема да се врати во понудата.

Производството на ажурираниот KIA XCeed е закажано да започне на 29 мај во фабриката во Жилина во Словачка, која е исто така дом на производство за Sportage, EV2 и EV4. Се очекува европската продажба да започне во наредните недели. Интересно е што фејслифтираниот XCeed ќе коегзистира со новиот Seltos кој штотуку пристигна во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER