KIA – Uber

Поглед во иднината

Uber, прати ми e-Niro или e-Soul!

Продорот на електричните возила со батерии станува посилен со помош на KIA

објавено 17. јуни 2021

KIA и Uber најавија европско партнерство во областа на електричната мобилност. Корејскиот производител на автомобили прави силен пробив со своите електрични модели на Европскиот пазар. Со договорот направен со Убер, почнувајќи со e-Niro и e-Soul, возачите на услугата за превоз ќе добијат повластени цени за набавка на споменатите модели.

Uber има поставено за цел во Европа до 2030 година да стане платформа за мобилност без емисии на штетни издувни гасови, а до 2025 да управува со повеќе од 100.000 електрични возила со батерии. Потоа половина од километрите поминати од возачите на Uber во седумте европски метрополи Амстердам, Берлин, Брисел, Лисабон, Лондон, Мадрид и Париз ќе  возат со автомобили без емисија на штетни гасови. Во иднина се планираат заеднички маркетинг и информативни кампањи во кои KIA и Uber ќе ги приближат возачите кон придобивките од електричните возила.