После скоро седум успешни години на пазарот KIA ја претстави втората генерација на најголемиот свој модел кој се произведува во Соединетите Американски Држави, кросоверот Telluride.
Добро етаблиран, тој доби изглед кој уште повеќе ги нагласува неговите пропорции детерминирани со трите реда седишта. Остро дефинираните линии на предниот дел сега се изразени со тенките вертикални светла и новата маска а задниот дел пак со подебелите столбови така што генерално изгледа посмело.

Еволутивно порасна во должина за 58 мм , височина за 25 мм и има поголемо меѓуоскино растојание и височина а зголемено е и меѓуоскиното растојание за 75 мм. Рафинираниот баланс на софистицираност и сила се пренесува и во внатрешноста која на патниците им нуди простор во кој ќе се чувствуваат пријатно.

Лесно е уочлива дигитализацијата со два обединети 12,3 инчни дисплеи. Под хаубата веќе не се наоѓа 3,5 литарскиот V6 мотор кој развива 291 коњска сила. Него го замени четири цилндерски 2,5 литарски мотор со две изведби. Основната е со турбо полнач кој произведува само 17 КС помалку од пензионираниот V6.

Неговата изведба засилена со хибридна верзија опремена е со 1.65 kWh литијум-јонска батерија и два електрични мотори кои испорачуваат 329 КС. KIA тврди дека хибридната верзија ќе троши во просек само 6,7 литри и со полн резервоар ќе може да се извозат до 965 километри Од двете верзии силата се пренесува на двете оски.

Официјалната промоција ќе се случи денеска на на саемот на автомобили во Лос Ангелес.


