Kia Stonic – Освежен и модернизиран

Со направениот редизајн Stonic делува како електрично возило, но дали тоа ќе стане?

Конкуренцијата кај субкомпактните кросовери е силна, но Kia Stonic успеа да остане конкурентен цели осум години.

За да ја задржи привлечноста, на пазарот исполнет со „посвежи“ модели, со редизајнот формиран е поостар изглед, реновирана кабина и повеќе технологија насочена кон одржување на релевантноста. Сега Stonic доби амбициозни ажурирања, со што совршено се вклопува со најновата дизајнерска насока на компанијата и нејзините електрични модели.

Веднаш да расчистиме, на пазарот ќе дојде само со мотори на согорување. Предниот дел сега има потенки фарови со модерни LED елементи заедно со потесна решетка, додека браникот е целосно редизајниран. Профилот е во голема мера задржан, но добива нови дизајни за алуминиумските тркала со дијаметар од 16 и 17 инчи.

Дизајнерите на Kia, исто така, ја ажурираа палетата на бои со додавање на две нови бои. На задниот дел, Stonic доби LED диоди што се протегаат на задната врата и редизајнираниот заден браник. Токму поради браниците зголемена е должината за 65 mm во споредба со претходникот.

Сепак, Stonic задржува еден од најкомпактните димензии во сегментот со должина од 4.165 mm. Внатрешноста доби нов дух преку новиот дигитален кокпит кој се состои од два екрани од 12,3 инчи. Физичките контроли на климата се отстранети, а клима уредот се управува преку централниот екран на допир.

Во листата на промени вклучен е нов волан, амбиентално осветлување, конзола за безжично полнење и USB-C порти. Капацитетот на багажникот останува ист, 352 литри. Stonic, исто така, има пообилен ADAS пакет, вклучувајќи паметен темпомат базиран на навигација, помош при возење на автопат и помош при избегнување судир во слепа точка со предупредување.

Она што не се гледа е платформата, а таа е превземена од пензионираниот Rio. Се нуди исклучиво со T-GDI турбо-бензински мотор од еден литар со три цилиндри, достапен и во стандардна и во блага хибридна форма.

Моќноста е 100 КС односно 115 КС кога помагаат струјните удари. Моќноста се пренесува на предните тркала преку шестстепен мануелен или седумстепен автоматски менувач со двојна спојка.

Во Македонија новиот Stonic се очекува да пристигне во четвртиот квартал на годинава кога ќе бидат познати и цените

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER