После 17 години и 1,8 милиони продадени примероци Kia Soul заминува во историјата
Kia Soul се појави во време кога на корејската марка ѝ требаше промена, да докаже дека може да направи и интересни автомобили не само практични семејно ориентирани возила. И успеа во тоа – многумина му замеруваа на практичноста но им ги освои срцата. Посебно на Американците, на Европјаните не им се допадна толку. Необично скроената каросерија која е тешко да се класифицира дали е кросовер или само така личи беше вистински магнет – имаше периоди кога постигнуваше продажба и преку 200 илјади годишно.
Со промената на генерациите и Kia Soul се менуваше но остана верен на првобитниот концепт – да ги привлекува помладите купувачи кои се противат на стереотипите. Затоа и беше понуден во електрична верзија која се појави прерано и не успеа многу во своите пионерски чекори да ги донесе новите технологии на патиштата.
Со текот на годините Kia Soul еден по еден ги напушташе светските пазари за на крај да остане само на Новиот Континент, каде со дволитарски мотор со 147 коњски сили се нудеше за 20 илјади и 500 долари.