На својот пат во освојувањето на глобалните пазари Kia Seltos од Индија каде се произведува стигна до Америка.
Домаќин на премиерата на субкомпактниот кросовер беше Њујорк каде со својот изглед налик на големиот Telluride увери дека во оваа класа повеќе нема место за компромиси.
Со поамбициозни намери отколку досега ќе има задача да ги редефинира очекувањата на купувачите, главно во поглед на технологиите и пространоста.
Се снаоѓа и на асфалт и надвор од него посебно во изведбата со погон на сите тркала. За моторизацијата на располагање стојат три опции.
Основниот дволитарски атмосферски бензинец со 147 коњи е спарен со интелигентна CVT трансмисија, 1,6 литарскиот турбо со 190 коњски сили има осумстепен автоматски менувач а за крајот на годинава е најавена и хибридна верзија.


