Kia Seltos – Нов глобален модел

Со амбиции да го лансира и во Европа, Kia ја претстави втората генерација на глобално популарниот Seltos.

Корејците овој кросовер го опишуваат како експресивна алтернатива на бестселерот Sportage, со нагласен лајфстајл карактер и практична функционалност.

Дизајнот му е привлечно робусен со преден дел со широка маска. Силуетата е со лебдечки покрив и изразени задни крила а светлата назад вертикално се протегаат од страна визуелно проширувајќи го возилото.

Внатрешноста има ниска и хоризонтално обликувана командна табла, задните седишта се подесливи под агол од 24 степени а во багажникот собира солидни 536 литри. Платформата е позајмена од Niro и Hyundai Kona а моторната понуда вклучува 1,6 литарски турбо со 180 коњски сили спарен со шестстепен мануелен или седумстепен менувач со двојна спојка и негова 193-коњска верзија со осумстепена автоматика.

Постои и дволитарски атмосферски бензинец со 149 коњски сили кој во Европа нема да се нуди но затоа ќе пристигне и хибридна варијанта, веројатно со погонскиот склоп од Niro со системски 140 коњски сили.

Погонот на сите тркала со задно мултилинк ослонување и режими за возење по снег, кал и песок е опционален. Ќе се произведува во Индија каде ќе биде пазарното деби по што ќе следат Кореја, Северна Америка, Европа и Кина.

Се очекува на Стариот Континент да бидат пласирани околу 60.000 примероци годишно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER