Откако стана гинисов рекордер во електрична автономија, новиот доставен модел на Kia постигна уште еден значаен успех – прогласен е за меѓународен ван на годината.
Жирито составено од 26 новинари специјализирани за комерцијални возила меѓу шест конкуренти највисоко го оцени PV5 кој според нив поставува нови стандарди во поглед на иновациите, ефикасноста и сестраноста.
Ги комбинира перформансите, екологијата и практичноста редефинирајќи што компаниите можат да очекуваат од едно модерно комби возило. Нагласуваат уште и дека овој модел на Kia ќе влијае и на авто-индустријата приморувајќи ги конкурентите да ја следат филозофијата со која е конструиран.
Од Kia пак известуваат дека PV5 е развиен со внимателно разгледување на потребите на клиентите и дека за него се користи иновативен интегриран систем за производство.


