Kia Ceed ја заврши својата кариера – ќе го замени K4
Направен како европски модел за Европјаните, Kia Ceed ја исполни својата улога да го постави реномето на марката во Европа на повисоко ниво и после три генерации заслужено отиде во пензија. Го заменува К4 кој дебитираше минатата година во Америка, каде се продава и како седан, додека за нас ќе биде достапен само хечбекот.
Осетно поголем од Ceed, Kia го опишува К4 како модел поставен на границата меѓу Ц и Д-сегментот. Тоа му обезбедува пространа внатрешност традиционално за моделите на Kia добро пополнета. Прецизното око ќе забележи отстапување од стилот на кој сме навикнати кај оваа марка што е условено со потеклото на возилото – место во фабриката во Жилина која се посветува на електричните возила, се произведува во Мексико.
Моторизацијата е богата и стартува од трицилиндричниот еднолитарски T-GDi мотор со 115 KS во обична и блага хибридна верзија, првата со шестстепен мануелен а втората со седумстепен автоматизиран менувач со двојна спојка. Оваа трансмисија е задолжителна и кај 1,6 литарските турбо верзии со 150 или 180 KS. За блиска иднина е најавен и вистински хибрид, додека дизели веќе нема. Продажбата во Европа ќе започне пред крајот на годината, но цените сé уште не се објавени.




