KIA EV6 – CO2 Measured

Вести

Со зелена потврда!

Пред почетокот на комерцијализацијата KIA го овери еколошкиот статус на EV6

објавено 16. август 2021

Првиот електричен автомобил на KIA доби сертификат за својот отпечаток на CO2 и ознака за избалансираност на вкупното производство на стакленички гасови. Етикетата “CO2 Meaured” ја доделува организацијата за заштита на животната средина Carbon Trust. EV6 е првиот од единаесетте модели на батерии што брендот ќе ги претстави до 2026 година и се базира на новата електрична платформа E-GMP (Electric-Global Modular Platform). Carbon Trust ги советува компаниите за нивните опции во креирање на одржливо ниско ниво на јаглерод што нивните производи ги произведуваат, ги мери и потврдува еколошките отпечатоци на производителите на возила, синџирите на снабдување и адекватни производи. Балансот на стакленички гасови на Kia EV6 беше одреден врз основа на меѓународно признатиот стандард PAS 2050.