KIA EV6 – Осло – Лисабон

5000 километри за пет дена!

Популарноста на електричните автомобили секојдневно расте, но нивното докажување пред предизвиците кои одамна ги поминаа нивните предци допрва следува. Една таква авантура се подготвува да започне на 5-ти септември кога KIA EV6 од Осло ќе тргне за Лисабон. Планираната рута е долга 5000 километри и ќе помине низ 15 држави за само 120 часа. Оваа авантура е инспирирана од подвигот на сер Стерлинг Мос кој го направи пред 70 години. Тој успеа во 1952 да извози низ 15 европски држави за помалку од пет дена, а сега, за прв пат, официјално едно потполно електрично возило ќе го повтори предизвикот. Рутата низ 15 земји е  тежок предизвик, но организаторите се оптимисти со полна доверба во EV6, неговите батерии кои можат да складираат струја за повеќе од 500 километри. Струјата ќе се полни на јавни полначи каде 800 волтната технологија на полнење ќе овозможи минимален број на застанувања. Полнењето од 10 до 80% трае само 18 минути кога се користи полнач силен 350kW, а за истата количина на полнење потребни се 73 минути кога полначот е со сила од 50kW. Пристигањето во Лисабон треба да биде на 9-ти септември, Светскиот ден на електричните возила.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER