Kia Ceed – зголемена зафатнина

Вести

Нов T-GDI мотор од 1,5 литри

објавено 25. март 2021

Во новата моделска година Kia го засилува Ceed со ревидирана гама на мотори. Тоа се однесува на 1,4 T-GDI кој ќе го препушти местото на зголемениот на 1,5 литри турбо-бензински мотор. Воедно зголемена е силата за 20 коњи и сега таа изнесува 160 КС! Новиот двигател се најавува како поекономичен од неговиот претходник и ќе биде достапен во сите варијанти на каросеријата каде ќе има доволно простор за вградување на 48-волтен хибриден систем означен како Eco Dynamics + опремен со менувач со континуиран пренос (DTC) кој во спрега со новиот 1.5 T-GDI мотор го совладува спринтот до стотка за 8,6 секунди и достигнува максимална брзина од 210 км на час. Лесниот хибриден систем се проширува и кај дизелите. Таа улога ја превзема изведбата со 1.6 CRDi, кој исто така е опремен со 48-волтна технологија. Турбодизелот сега е достапен и за двете каравански каросерии, GT Line и Sportswagon. Цените ќе бидат познати со пристигнувањето на нашиот пазар, најверојатно по летните одмори.