Поранешниот SsangYong се буди. Под водство на новиот сопственик KG Mobility го подготви својот втор модел за Европа.
Новиот модел за Стариот континент светска премиера имаше пред шест месеци во Јужна Кореја. Наречен е Actyon како некогашниот предизвикувачки од дизајнерски аспект но слабо успешен купе кросовер.
Од својот брат Torres се разликува по поинаквата линија на покривот и дотераниот преден дел на кој се комбинирани стилските аспекти на неговите бензински и електрични изведби. Долг е 4,74 метри, а меѓуоскиното растојание од 2,68 метри е задржано. Во внатрешноста преовладува дигиталниот стил како и кај и Torres, а багажникот има раскошен простор од 703 литри.
На почетокот ќе биде понуден со 1,5 литарски турбо бензински мотор со 163 коњски сили спарен со шестстепен автоматски менувач, а појавувањето на други верзии допрва треба да биде потврдено.
Сепак постои голема веројатност во него да се најде електричната погонска група од Torres. Цените стартуваат од високи 47 илјади евра.