Новата генерација на Actyon може да се нарече Range Rover Velar од Јужна Кореја
KG Mobility, порано познат како SsangYong, за домашниот пазар го претстави новиот Actyon кого го опишува како купе кросовер, а се базира врз основата на Torres. Впрочем така и изгледа, само делува малку порастегнато.
Беше најавен во почетокот на годинава, тогаш познат како проект J120, а сега и официјално е претставен како сериски модел. Неофицијално дозанаваме дека во Европа ќе пристигне во последниот квартал на годинава, но уште не е јасно дали ќе го задржи името или ќе добие некое ново.
Кога сме кај името Actyon треба да објасниме дека е кованица извлечена од зборвите Action и Young. Разликите со Torres се рестилизираните браници, закосеното задно стакло, силен потпис на LED светлата и стандардни 20 инчни тркала. KGM Actyon е долг 4.740 мм, широк 1.920 мм и висок 1.680 мм, со меѓуоскино растојание од 2.680 мм. Ова го прави подолг, поширок и понизок од Torres, со идентично меѓуоскино растојание. Впрочем, овој рецепт прв го примени Range Rover кај Velar, кој превзема многу елементи во основата од постоечките модели на JLR.
Веќе задолжителните за нови модели двојни дисплеи се растегнуваат, секој на 12,3 инчи, при што екранот на допир за инфозабава е малку наведнат кон возачот. Кожен тапацир со влошки од велур може да се нарача во црна и црвена боја или во двоколорни нијанси на камила и беж, во комбинација со акценти од јаглеродни влакна или црно дрво.
KGM Actyon ја користи истата архитектура на Torres. Под хаубата се наоѓа истиот 1,5 литарски GDi четирицилиндричен бензински мотор со турбо полнач, кој произведува 170 КС и 280 Nm вртежен момент. Шест степениот автоматски менувач ја испраќа силата или на предните или на сите четири тркала. Логично е да дојде електрична верзија бидејќи Actyon би можел да го наследи целосно електричниот погон на Torres EVX, на за сега официјално не се спомнува таквото размислување.


