Елелктро моторцикли за почетници
Kawasaki е првиот јапонски масовен производител на моторцикли што ќе лансира два електрични лесни мотоцикли. Тоа се Ze-1 и Ninjae-1 кои се базирани на истоимените модели со мотор од 125 ццм. Двата електро моторцикли се со мала сила па погодни се за категоријата А1.
Моторот на Ze-1 испорачува 5 kW, а на Ninjae-1 има моќност од 9 kW. Kawasaki наведува максимална брзина од 99 км/ч, но нема информации за автономијата. Од прва за Ninjae-1 не може ниту да претпоставите дека е електричен мотоцикл, додека голиот Ze-1 отворено ја покажува својата припадност. Двата модели имаат ASB и намерно се опремени со две батерии кои може лесно да се извадат и да се полнат во домот.
Постојат два режими на возење, како и копче „E-Boost“за краткорочни максимални перформанси. Опремени се со електрична асистенција како помош за маневрирање и туркање наназад. TFT дисплејот може да се поврзе со мобилниот телефон. Службата за односи со јавноста на Kawasaki, исто како и тивкиот тандем што го претстави, остана тивка околу цените и датумот на лансирање.