Мотоциклите се околу нас, ама не ги забележуваме
Вистина, кога некој со две тркала ќе дојде околу нашиот автомобил, се правиме како да не го забележувамеЗ
Мотоциклите колку и да ги игнорираме, се неизоставен дел од сообраќајот околу нас. Посебно во земјите каде автомобилизмот е на ниски гранки, како што е во Југоисточна Азија. А таму, дури и најмалиот јапонски производител на мотоцикли Kawasaki има значајно влијание. Не случајно бидејќи марката годинава ќе одбележи 70 години од своето започнување со бизнисот со мотоцикли. Воедно, се ближи и јубилејот кога како прв јапонски конструктор во текот на 1974-тата година изгради своја фабрика на тлото на Соединетите Американски Држави.
Зелениот тим во септември официјално ќе го одбележи јубилејот. Голем дел од активностите ќе бидат насочени кон САД, иако датумите не се баш поклопуваат. Историјата сепак ќе забележи дека во 1953 година Kawasaki го лансираше едноцилиндричниот КЕ-1. Времињата тогаш беа предизвикувачки и продажбата не го достигна нивото на кое компанија се надеваше. Раководството дури после 1966-тата се реши да тргне со нешто сосема ново и предизвикувачко за пазарот, што доведе до денешниот баланс меѓу светски големите производители на мотоцикли и сродни производи.




