Mitsubishi го искористи редизајнот на Renault Captur да го раздвои малку изгледот на ASX од неговиот донатор.
Колку успешно, ќе суди секој купувач поединечно за себе. Промените во дизајнот веднаш се забележуваат благодарение на новата маска и корегираната хауба на која повеќе го нема засекот за амблемот на Renault. Таа и понатаму е иста како и кај Captur но сега тоа помалку е забележливо, можеби и заради поинаквиот браник.
Како се движи погледот назад така разликите исчезнуваат за на крај да се сведат на неприродно поставената камера на задниот дел и благо пренагласениот натпис Mitsubishi под неа. ASX внатре од Captur единствено се разликува по управувачот а под хаубата сé е идентично. Понудата и понатаму ги вклучува еднолитарскиот агрегат со 90 коњски сили, поголемиот исто така турбо мотор од 1,3 литри благо хибридизиран на 140 односно 158 коњи и 1,6 литарскиот полн хибрид со 143 коњски сили.