Kадис Боатс ги презентира ZAR- Formenti и ZAR Mini

Кадис Боатс во Охрид на домашната  публика и вљубениците во наутиката ги презентираше двете компании чиј застапник е за Македонија.

Италијанскиот ZAR- Formenti произведува гумени RIB чамци кои се продаваат во 35 земји низ светот. Растот на компанијата и успехот на нејзиниот производ се резултат на прецизна стратегија фокусирана на квалитет, инвестиции во истражување и развој, употреба на најдобри материјали, напредна технологија и модерен, добро организиран капацитет.

Целиот асортиман на прототипови, калапи, модели со целосна големина и размер се произведуваат со помош на машините со CNC технологија (компјутерска нумеричка контрола), кои гарантираат најостра прецизност.

Иднината веќе е во ZAR-FORMENTI благодарение на истражувањето и развојот на врвни, еколошки материјали и производствени практики. ZAR МINI е германска компанија специјализирана за изградба на алуминиумски RIB чамци и чамци на преклопување.

Сите модели на чамци се дизајнирани во Италија и тестирани во Германија пред да се постават во сериско производство. Германската прецизност, италијанската страст и дизајнот ги прават овие чамци да бидат посакувани од клиентите.

Повеќе информации може да добиете на следниот линк: https://kadisboats.mk/ како и на телефонскиот број + 389 78 249 260.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER