Jidu Robo-01 – Заводливиот кросовер „спакуван“ за 30.000 долари

Евтин и автономен

Кинеската компанија Jidu ги објави првите фотографии на Robo-01, потполно електрично возило кое треба на пазарот да се појави во тек на идната година, а дебито ќе му биде во рамките на  автомобилскиот саем во Гуангжу во ноември. По вокација кросовер, целосно е развиен од технолошкиот гигант Baidu и ќе го произведува Geely. Robo-01 ќе биде опремен со четвртото ниво на за автономно возење додека изгледот на серискиот модел ќе претрпи минимални промени. Визуелно, има аеродинамична форма со многу кривини и врвен дизајн на кого се истакнуваат LED светлата кои имаат дигитална технологија со вештачка интелигенција кои комуницираат различни сигнали со околината, особено со пешаците. Влезот во кабината е олеснет со комбинација на предните врати што се отвораат нагоре и задните во спротивен смер на класичните. Внатре, Jidu Robo-01 има широк екран со висока дефиниција на контролната табла, камери што ги заменуваат ретровизорите, превоаголен волан што се склопува кога автономните технологии го превземаат возењето, футуристичка централна конзола со области чувствителни на допир и четири индивидуални седишта. Jidu се потруди да обезбеди софтвер за вештачка интелигенција DuerOS, додека хардверот се состои од чип NVIDIA Orin X и процесор Qualcomm 8295. Што е уште поважно, два Lidars се појавуваат од двете страни на хаубата, при што секој од нив интегрира 128 ласери кои ја скенираат околината до 200 метри. Тие ќе бидат комбинирани со дванаесет камери, дванаесет ултразвучни радари и радари со пет милиметарски бранови кои континуирано ќе ја скенираат околината. Во моментов, највисокото ниво на автономно возење на пазарот е Ниво 3 од Mercedes-Benz, па затоа е голема работа за кинески производител да го претстави Нивото 4. Во реалноста, Jidu Robo-01 ќе може сам да вози поголемиот дел од времето, а возачот ќе го надгледува. Ксиа Јипинг, извршен директор на Jidu, рече дека во новата ера на автомобилите, „правата на возење“ ќе бидат префрлени од луѓето на вештачката интелигенција. Jidu не даде детали за електричниот погон. Производството на Robo-01 треба да започне во 2023 година од страна на Geely, а набргу ќе следуваат првите испораки на моделот во Кина. Цената ќе биде блиску до 200.000 јуани, приближно 30.000 долари, што го прави прилично евтин за технологијата што ја носи. На првиот EV на Jidu ќе му се придружи втор сериски модел кој ќе биде лансиран на пазарот во 2024 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER