Секоја година, во текот на неделата што му претходи на Велигден, пустината Моаб во Јута се трансформира во мека на Јеер и љубителите на теренското возење.
Почнувајќи од денес, таму ќе се одржи 60-тото годишно Велигденско Џип Сафари, кое ќе трае една недела, со бројни активности за клиентите. Традиционално, брендот ќе претстави неколку концепт возила.
Концептот Јеер Wrangler Anvil 715 покажува како би можел да изгледа еден Wrangler насочен кон возење на долги релации. Концептот Wrangler Buzzcut од Jeep Performance Parts (JPP) е компактен двосед со високи перформанси и проширен простор за товар.
Концептот Grand Wagoneer Commander е инспириран од возилата „stealth“, а исто така нуди и доволно моќност за влечење специјализирана приколка за патеки. Концептот Wrangler Laredo го враќа духот на марката назад кон оригиналниот, пуристички концепт на Willys, додека концептот XJ Pioneer го евоцира Cherokee од 1984 година и враќањето на моделот оваа година.
Вработените во Jeep и JPP повторно ќе соработуваат со Red Rock 4-Wheelers и Бирото за управување со земјиштето за одржување на локалните патеки во Моаб. Ова ќе вклучува поправка на ѕидови и огради, собирање ѓубре и враќање на природните карактеристики на одредени делови.


