После 270 илјади продадени примероци Jeep го модернизираше својот европски хит познат по компактните димензии и изразената сестраност во секојдневната употреба.
Влегувајќи во нова фаза на својот животен век малиот Avenger доби освежен преден дел, поквалитетна внатрешност и унапредени погонски групи.
Внимателно одмерениот редизајн не го менува препознатливиот идентитет на Avenger. Естетиката е подобрена со маска со осветлени детали, стилски усогласена со поголемите модели од понудата.
Изменети се и браниците и заштитните елементи кои имаат колорни пигменти во самата структура на пластиката со што гребаниците и оштетувањата стануваат помалку видливи.
Внатрешноста донесува значаен напредок во квалитетот на изработка а понудата агрегати останува разнолика и прилагодена на различните потреби на купувачите.
Основниот мотор е 1,2 литарски трицилиндричен турбо со 101 коњска сила, сега поиздржлив, технички унапреден и со продолжени сервисни интервали. Благиот 48-волтен хибрид кој развива 110 коњи со електромоторот интегриран во менувачот дозволува краткотрајни возења само на струја.
Оние кои бараат посериозни теренски можности ќе се определат за 4xe изведбата со 145 коњи чиј електромотор на задната оска обезбедува погон на сите тркала. Врв на понудата е електричниот Avenger чиј погонски систем располага со 156 коњски сили и батерии доволни за автономија од околу 400 километри. Со испораки ќе се започне од септември.


