Jeep Avenger – Првиот потполно електричен Јеер

Започнува новата ера на Јеер!

Со прилично агресивно и стрипско име американскиот специјалист за теренски возила го најавува своето прво батериско електрично возило. Avenger (Одмазник) е наменет за Европа На пазарот треба да се најде веќе следната година и има стандарден домет од околу 400 километри. Возилото кое во хиреархијата на производителот се наоѓа под Renegade, треба да се произведува во фабриката на Stellantis во Полска. До крајот на 2025 година треба да следат уште три електрични возила во Европа и Северна Америка. Тука спаѓаат новоразвиеното, оригинално теренско возило Recon и Wagoneer S во сегментот на премиум спортско-корисни возила. Не официјално се најавува вториот има моќност од 441 kW и забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од четири секунди. Развојната цел е домет од околу 650 километри. Дополнително, тука е и Wagoneer како PHEV со домет од околу 800 километри, кој веројатно ќе се нуди само во Северна Америка. Идните планови на Jeep предвидуваат дека до крајот на деценијата, сите возила на марката што се продаваат во Европа и половина во САД ќе бидат на батерии.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER