Британскиот производител на градежна и земјоделска механизација JCB повторно е во лов на рекорд – овој пат за најбрзо возило со погон на водород.

Планиран е за соборување овој август на соленото езеро Боневил во сојузната американска држава Јута.

Таму JCB пред две децении постави брзински рекорд за возило со дизел мотор кој и ден-денес е актуелен. Согледувајќи ги предностите на новите технологии, во идниот нов рекордер наречен Hydromax се вградени два четирицилиндрични мотори кои со согорување на водород остваруваат по 400 коњски сили.

Поставени на спротивните краеви на возилото долго 9,7 метри тие ја распоредуваат тежината идеално што е битно за стабилноста при големи брзини. За развој се потрошени пет години а целта е постигнување 475 километри на час.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER