Jaguar испишува нова страница во богатата историја и подготвен е да се откаже од традиционалната клиентела
Претставувајќи го концептот Type 00 на модната недела во Париз, Jaguar конечно се огласи на критиките кои го заплиснаа од сите страни.
Репозиционирањето на секој бренд во поглед на привлекување на нови купувачи е деликатен процес кој ризикува отуѓување од корените а со тоа и губење на верната клиентела. Во поглед на тоа извршниот директор на компанијата Роудон Гловер проценува дека само 15 отсто од нив би се одлучиле за набавка на модел од идната гама но и дека немаат проблем со тоа.
Радикално настапувајќи, Jaguar планира електричниот автомобил кој ќе произлезе од концептот да биде наменет за побогатите купувачи. На тој начин со помал обем на производство ќе се соберат поголеми приходи.
Покрај драматичниот изглед и импресивните димензии, карактеристика на луксузниот гран-турер ќе биде што ќе нема задно стакло а ќе ја нема ни мачката во логото. Како и да е, се чини дека со опаѓањето на продажбата за 80 отсто во последниве пет години Jaguar едноставно немаше избор.


