Jaguar Land Rover – Прекина да извезува во САД

Поради воведувањето на тарифите за увоз на возила во САД, JLR го паузира  извозот на вториот по важност пазар за компанијата.

Тежок удар британската марка на луксузни возила претрпува со новите царини за увоз на возила во САД. Соочувајќи се со драстично зголемување на, и онака астрономските цени на своите производи, реши да ги паузира испораките во САД бидејќи размислува како да ги ублажи трошоците предизвикани од тарифите на претседателот Доналд Трамп. САД се важен пазар за луксузните брендови на JLR и во изминатата година речиси една четвртина од произведените 430.000 возила ги продаде таму.

Во јануари компанијата забележа пад од 17 отсто. САД се вториот најголем увозник на автомобили од британско производство, веднаш по Европската унија. Велика Британија соопшти дека е фокусирана на обидот да обезбеди трговски договор со Вашингтон. JLR веќе има увезено возила во САД, пред воведувањето на тарифите, доволни за задоволување на пазарот за неколку месеци кои нема да бидат предмет на новите тарифи. Но што ќе се случи кога тие ќе се потрошат, ќе покаже времето.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER