Jaguar Land Rover – Горивни ќелии

Поглед во иднината

Водородот во фокус

Поради дискутабилната оправданост на батериите, горивните ќелии избиваат во преден план!

објавено 17. јуни 2021

Во Гејдон забрзано се развива прототип на Land Rover Defender со погон на горивни ќелии на водород. Прототипот ќе започне со тестирање во Велика Британија кон крајот на годината. Тестирањето ќе се фокусираат на аспекти како што се употребата на теренот, возните својства и потрошувачката на гориво. Ова е во согласност од стратегијата „Reimagine“, со која британската автомобилска компанија има за цел да ги намали издувните гасови на своите модели на нула до 2036 година, додека до 2039 година нето емисиите на јаглерод диоксид од производите, производствените капацитети и ланецот на снабдување треба да се сведат на нула.

Според Меѓународната агенција за енергетика на OECD, бројот на возила со горивни ќелии е двојно зголемен во светот од 2018 година додека станиците за напојување со водород се зголеми за повеќе од 20 проценти во текот на истиот период. Според предвидувањата зголемувањето на возилата со горивни ќелии на глобално ниво да се зголеми на околу десет милиони до 2030 година, додека во исто време околу 10 000 станици за полнење на водород треба да бидат достапни низ целиот свет.