Jaguar I-Pace е европски автомобил на годината 2019
Електричниот Jaguar I-Pace ја освои ласкавата титула во тесна битка со конкурентите
Објавено на 5 март 2019 година
Иднината е во струјата, но бензинот сé уште ги краде емоциите. Најдобар доказ за тоа е титулата европски автомобил на годината која Jaguar I-Pace ја освои во тесна битка со Alpine A110. Жирито составено од 60 автомобилски новинари из 23 европски земји им додели еднаков број поени – по 250, но Jaguar имаше 18, а францускиот спортист 16 први места во гласањето и го однесе ласкавото признание. Неговата победа беше загрозена и од Kia Ceed која освои 247 поени, а ниту Ford Focus со 235 не беше многу далеку. Останатите финалисти Citroen C5 Aircross, Peugeot 508 и Mercedes А-класа останаа на пристојна оддалеченост од битката за европскиот автомобилски трон.
Ова е прва титула за Jaguar во 55-годишната историја на изборот за автомобил на годината во Европа и втора која ја освојува електричен модел – пред него тоа му успеа на Nissan Leaf во 2011-тата. Лански победник беше Volvo XC40, кој исто така за прв пат го однесе признанието во витрините на шведскиот производител.