Jaecoo 7 – Најпродаван во Британија во март

Британскиот пазар ретко кога изненадува но во март се случи токму тоа – за прв пат еден кинески модел стана најпродавано возило на островот.

И тоа убедливо – според податоците за Jaecoo 7 се имаат определено 10.064 купувачи, скоро за илјада повеќе од Ford Puma. Мартовската топ-5 листа уште ја дополнуваат Nissan Qashqai, Kia Sportage и Vauxhall Corsa. Овој кросовер од семејството на Chery во Велика Британија е лансиран во септември минатата година и оттогаш редовно е меѓу десетте најпопуларни возила на пазарот.

Неговиот ѕвезден успех се припишува на повеќе фактори, главно стартната цена под триесет илјади фунти и седумгодишната гаранција. Иако на располагање е уште и со бензински и хибриден мотор, за плаг-ин изведбата се имаат определено цели 85 отсто од купувачите. Инаку во Велика Британија во март вкупно се продадени 380 илјади возила од кои 86 илјади електрични и 50 илјади плаг-ин. Chery таму располага со продажна мрежа од 124 дилерства кои се заеднички за сите брендови со кои настапува.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER