Jaecoo 5 – Од Британија атакува на Континентот

Презадоволен од своите резултати на британскиот пазар, Chery продолжува со ширењето на понудата и во останатите земји каде настапува.

На ред дојде и субкомпактниот кросовер Ј5 кој со своите 4,4 метри должина се позиционира како директен конкурент на Range Rover Evoque. И тоа многу сериозен бидејќи цената му е за половина пониска – 24.500 фунти.

На почетокот ќе биде лансиран со 1,6 литарски турбо мотор кој развива 140 коњски сили со седумстепен менувач со двојна спојка а подоцна и во хибридна и електрична верзија. Дизајнерски се ослонува на поголемиот брат Jaecoo 7 со идентичен преден и заден дел – разликите се во пократкото меѓуоскино растојание и малку поспортски закосената линија на покривот која му дава подинамичен изглед.

Успехот треба да му го загарантира богатата опрема која во поскапиот пакет вклучува и панорамски покрив, предни седишта со греење и вентилација и друго.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER