Горивото направено од органски отпад е добро за климата и дава фантастични резултати во урбаните средини
Реномираниот италијански производител на комерцијални возила заедно со Италијанскиот национален истражувачки совет (CNR) во заедничкото истражување потврдија дека BIO-CNG не е само оптимално решение за комерцијалните возила, туку и добар пример за кружна економија. IVECO, познат по комерцијалните возила со алтернативно гориво ја поддржа студијата спроведена од Институтот за загадување на воздухот CNR.
Студијата покажа дека биометанот (BIO-CNG) произведен од органски отпад, а потоа компримиран, има позитивно влијание врз животната средина во споредба со традиционалните горива како што се дизелот и компримираниот природен гас. Резултатите од студијата ја демонстрираат потенцијално клучната улога на BIO-CNG во декарбонизацијата на транспортниот сектор и намалувањето на загадувањето на воздухот во урбаните средини. Според ова, компримираниот биометан може да ги намали гасовите што ја оштетуваат климата до 96 проценти во споредба со дизелот и да ги намали емисиите на азотни оксиди до 72 проценти покажува студијата. Овие значителни заштеди може да помогнат да се постигнат целите за јаглеродна неутралност поставени на европско ниво.