На средината на седумдесеттите години од минатиот век дојде до тектонски промени на европскиот пазар на комерцијални возила – пет мали производители од Италија, Франција и Германија се здружија и го формираа Iveco. Целта беше јасна – да се намалат трошоците и зголеми конкуренцијата. За тоа требаше да помине некое време бидејќи Fiat, OM, Lancia, Unic и Magirus тогаш заедно имаа 200 основни модели возила со преку 600 верзии. Денес кога Iveco го слави својот 50-ти роденден компанијата оперира со 49 фабрики во 19 држави ширум светот и вработува 30 илјади луѓе. Со 20 отсто од европскиот пазар е втор по големина производител на комерцијални возила и остварува годишен приход од 16 милијарди евра. Покрај Mercedes, Iveco е единствен е што има понуда во сите категории – од комби возилата до тешките камиони и автобуси.
