Произодствената лента ја напушти последниот R8, и ќе биде паркиран во музеј каде ќе потсетува на едни носталгични времиња кога цилиндрите господареа.
Во фабриката Böllinger Höfe во Германија се отпеа лебедовата песна кога како последен примерок од својот сој, монтажната лента ја напушти R8 V10 Performance Quattro Edition. Моделот сега е подготвен да живее мирен живот бидејќи ќе биде сместен во музеј, за идните генерации да се сеќаваат на старите добри времиња.
Тоа е тажен момент бидејќи од како беше објавено неговото пензионирање пред неполна година, „господарот на прстените“ доби голем број нарачки за финалната едиција. Ова го примора Audi да го продолжи производството за уште неколку месеци. Својата кариера R8 ја започна како концепт автомобил претставен на Саемот за автомобили во Франкфурт во 2003 година како Le Mans Quattro.
Серискиот модел пристигна три години подоцна како возило со високи перформанси кое стана гордост на Audi. Тој стана и донатор на многу поскапиот Lamborghini Gallardo кој беше негов технолошки близнак. Audi R8 направи и холивудска кариера појавувајчи се како возило на милијардерот Тони Старк, поетскиот супер херој што се бори за добро состојбата на сите на планетата Замја.
Доколку некогаш R8 се врати во понудата, барем според ориентацијата на марката, најверојатно ќе има целосно електричен погон. Каде има чад, има и огин. Најверојатно инженерите во Инголштад работат на случајот и се надеваме дека ќе не израдуваат со неговата електрична интерпретација која ќе има околу двојно повеќе од сегашните 570 КС.