Irmscher – По германски терк стокмени Италијанците

Групата Стелантис ја проширува електричпната понуда

Познатиот тјунер специјализиран за Opel ја проширува својата дејност во FIAT. По дотерувањето на 500-ката ред дојде на тјунираните варијанти на патничкиот Fiat Ulysse и комерцијалното комбе Fiat Scudo, давајќи му на дуото дополнителни стилски елементи. Се работи за модификација на изгледот, пред сé, на браниците и маската која сега делува далеку подинамично. Страничната форма ја разигруваат два можни пакета на графички дизајни кои одат совршено со трите големини на тркалата со распон од 18 до 20 инчи. Двете комбиња не се ништо ново во соработката што ја имаше FIAT со РЅА, проширена со Opel Vivaro и Zafira и јапонската Toyota ProAce и ProAce Verso. Сите тие ја делат истата EMP2 платформа. Италијанците ќе ги нудат своите верзии во дизел и електрична конфигурација со мотор од 100 киловати и батериски сетови од 50 kWh и 75 kWh.  E-Ulysse и E-Scudo може да ги полнат батериите со брзина од 100 kW што значи дека сетот 50 kWh потполно ќе се наполни најмногу за 45 минути, а за истото време батеријата од 75 kWh ќе биде наполнета 80%.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER