Интервју – Силвио Ангони, Главен извршен директор на Pininfarina

Во Женева, отсуството на бројни премиери, членовите на АУТОБЕСТ го надокнадија со округли маси каде отворено се зборуваше за иднината на неговото височество автомобилот. Денеска ви ја пренесуваме средбата со Силвио Ангори, првиот човек на легендарното студио Пининфарина

Силвио Ангори: Секогаш ми е убаво да бидам тука, во Женева, и да се сретнам со тебе Дан и членовите на АУТОБЕСТ жирито. На поканата не можев да одолеам

АУТОБЕСТ: Годинешното издание на Женева е мошне „тенко“ и Пининфарина е едниствената дизајнерска куќа што е тука присутна…

Силвио Ангори: Ние отсекогаш имавме мисија за ширење на идеите и не сакавме да се откажеме од неа. Јас лично верувам дека традицијата е важна, иако секогаш гледаме во иднината, во иновацијата, затоа што тоа го прават дизајнерите.

Мислам дека зачувувањето на некои елементи на континуитет со минатото е она што не прави подготвени за иднината. Значи, сакавме да бидеме овде, да го претставиме и презентираме она што сме. Пининфарина има традиција 94 години, но секогаш велиме дека треба да имаме 94 години пред нас, не само зад нас. И затоа, да се биде овде денес беше дури и еден вид манифест за да се покаже и сподели што е компанијата и како еволуираше во последните четири години од последниот наш настап тука во 2019 година.

АУТОБЕСТ: Што се смени во вашиот свет за овие години?

Силвио Ангори: Ние секогаш зборуваме за нови технологии. Без оглед дали се работи за автомобили на мотори со внатрешно согорување, со батерија или која било друг тип на технологија, веројатно придонесе да се доведе во прашање иднината на автомобилот. Затоа ние секогаш размислуваме за тоа каков ќе биде автомобилот. Но, во суштина, не забораваме од кои причини постојат автомобилите, односно да ги придвижуваат луѓето, да се грижат за движењето на луѓето.

Ним не им е гајле, во повеќето случаи, која е технологијата под каросеријата. Луѓето сакаат да ги користат автомобилите како превозно средство или средство за да им пружи задоволство во животот. Ова е она што дизајнерите треба да го направат. Ние треба да ја мобилизираме технологијата да му се допадне на крајниот корисник.

АУТОБЕСТ: На што сте фокусирани за идните ваши дизајни?

Силвио Ангони: Тука донесовме дел од нашето дизајнерско студио од Торино. Зад овој параван прикажана е нашата работа која преку виртуелна и мешаната реалност им овозможува на нашите дизајнери да ја замислат иднината на дизајнот. И повторно, не е технологијата што ја разгледуваме, туку начинот на кој технологијата помага да се движи иднината. На штандот имаме концепт автомобил што беше претставен минатата година на приватен настан во Тајван.

И тоа е прв пат да е тука во Европа. И повторно, овде во тој случај, размислувате за нашите партнери, нашиот клиент Foxtron. Foxtron е познат по iPad и iPhone кои ги произведува во име на Apple, но таа компанија има толку многу различни технологии во нивните раце. И тогаш го претставивме почетокот на концепт студија за огромен автомобил.

АУТОБЕСТ: Дали тоа значи полека се откажувате од дизајнирањето на GT автомобили?

Силвио Ангори: Секако дека не. Pininfarina нема да се откаже од иконските GT автомобили. Само покажуваме дека можеме да пружиме широк спектар на дизајни користејќи го најдоброто од најнапредните технологии. Значи, ова во суштина е пример дека можеме да одговориме на сите потреби на сегашните и идните купувачи. Мислам дека ме прашувате што е денес Pininfarina?

Во историјата, во овие 94 години постоење, поминавме низ многу различни циклуси и секогаш сме биле лидери во автомобилската индустрија.На почетокот бевме изработувачи на каросерии, па дизајнери, а потоа станавме развивачи на возила. Кога се приклучив на Pininfarina во 2007 година имавме обрт 1,2 милијарди евра и произведувавме околу 50.000 возила годишно. И покрај тоа, ние  го задржавме дизајнот како основен елемент, карактеристичен елемент на компанијата.

АУТОБЕСТ: Што е денска Pininfarina?

Сè уште сме, најверојатно, најголемата независна компанија  за дизајн. Кога зборуваме за дизајнот што го правиме за автомобилите, другите транспортни средства, како чамци и велосипеди, ги имплементираме новите технологии. Ние навистина потребите на луѓето кои се во движење. Ние веруваме дека ние можеме да понудиме идеи за начинот на кој луѓето сакаат да ги користат различните превозни средства икакво искуство сакаат да постигнат. Затоа што кога дизајнираме метро, ​​ги дизајнираме и метро станиците, но во неколку случаи од нас се бара да дизајнираме урбанистички план на нова населба, или нов град и така натаму.

И ова направи од дизајнерска куќа да станеме големо и широко смислено дизајнерско студио. Јас лично верувам дека преку дизајнот го правиме светот подобро место и имаме мисија. Секако Pininfarina е компанија која мора да профитира, па мораме да заработиме пари на крајот на годината. Но, и покрај тоа мораме да бидеме општествено одговорни, а тоа значи дека мораме да бидеме одговорни за животната средина, од една страна, но мораме да им дадеме причини на нашите инвеститори да продолжат да веруваат во наc.

АУТОБЕСТ: Тука е и Феликс Гивертис, главен креативен директор на Pininfarina. Тој е одговорен за дизајните кои излегуваат од вашето студио Тој води голем креативен тим. Феликс, споделете нешто за вашата работа.

Феликс Гивертис: Pininfarina има околу сто креативни локации, а имаме студија во Мајами, Њујорк, се разбира, во Торино и имаме студио во Шангај. Се разбира дека имаме многу корпоративни креативци, во форма на инженери, моделари и луѓе за стратегија и решенија за производи. Значи, ние градиме сè, од архитектура, дизајн на производи, дизајн на мобилност, а исто така и транспорт, а тоа значи чамци, авиони, скутери, камиони и автобуси, и сите елементи на дизајн. Ние почнавме и секако, остануваме со автомобилите, каде славиме 94 години автомобилски дизајн оваа година, но тука донесовме широк поглед на нашето размислување во пресрет на голем јубилеј, 100 години постоење, кое ќе го прославиме во 2030 година. Ние ја прошируваме играта понатаму, па решивме да го донесеме дизајнерското студио во Женева и да ви дадеме вистински увид во тоа како работиме денес. Тука презентираме две виртуелни искуства. Едното е дел од просторот за седење во автомобилите. Тоа е проширена реалност или искуство со мешана реалност кон надворешноста, така што овозможуваме да видите виртуелен автомобил, но секоја сцена, луѓето кои стојат или седат до вас е дел од виртуелен концепт.

АУТОБЕСТ: Што постигнувате со тоа?

Феликс Гивертис: Оваа дизајнерска студија почнува да носи суштинска свежина, па сакавме да дадеме визија за тоа што може да биде секојдневното уживање во возењето за новата генерација.

Тука додадовме реалистично прикажување на нови материјали во внатрешноста, првично дигитално, но искуството е клучно. Додека го допирате воланот, го чувствувате автомобилот. Ова беше голема инспирација… Знаете, воланот, особено мултифункционалниот волан од следната генерација, навистина е како пријателско ракување со интелигентна машина. Тоа е секси, егзотично. Тоа е нашата суштина, да го приближиме производот до емоциите на корисниците. Затоа ве поканувам да го доживеете новото виртуелно искуство кое е прилично реалистично. Ова го правиме за да покажеме дека нашите концепти и дизајни не се само виртуелни фотографии, туку решенија кои можат за кусо време да најдат реална примена.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER