Иновации што не се очекуваа
Објавено на 3 јули 2018 година
Без практично никакво наговестување, Opel ги израдува новите купувачи на Insignia. И тоа повеќекратно – овој модел од Риселсхајм сега е достапен со дизел мотор со осумстепен автоматски менувач. Атрактивноста на моделот е дополнета со специјалната понуда со Innovation пакетот на опрема, како и цената од 28.290 евра на македонскиот пазар. За дволитарскиот дизел мотор со 170 коњски сили не треба многу да зборуваме – тој веќе им е познат на купувачите на Insignia. Осумстепениот автоматски менувач е нов, но никому од нив нема да му биде тешко да ги насети неговите предности. За Innovation нивото на опременост сепак ќе мора да се обратат до овластените дилери на Opel, каде подетално ќе им објаснат што сé им следува за наведената цена. Она што ќе го добијат без да прашаат се врвните карактеристики на Insignia која се одликува со уникатен инспиративен и модерен дизајн, удобност и практичност. Вистинско ремек дело благодарение на уникатната палета на најсовремени иновации и луксузни елементи од премиум класата, што ја прават лидер во својата категорија. Плус на сé, на купувачите им следува и карактеристичниот германски квалитет достапен веднаш и тоа по атрактивна цена.