Ineratec – Синтетички горива

Поглед во иднината

Гориво од воздух и вода?!

Според Институтот за Технологија од Карлсруе наскоро масовно производство!

објавено 28. јули 2021

Синтетичките горива се ветувачки начин за минимизирање на емисиите на СО2 и стаклете гасови од загадувачи како што се авиони, тешки товарни возила и сегашни патнички автомобили. Со технологијата за правење на синтетички течни горива од стартап компанијата Ineratec основана од Институтот за технологија во Карлсруе  ова сега е на дофат. Модуларниот систем користи комбиниран процес на електролиза за производство на синтетичко гориво  извлечено од јаглерод диоксид во воздухот и водена пареа, што понатаму може да се преработи во керозин, дизел и бензин без, при согорувањето, да произведува СО2. Од следната година, на овој начин треба да се генерира околу 200 до 300 литри синтетичко гориво дневно. Како што изјавуваат од Ineratec ова е последната фаза на патот кон масовно индустриско производство. Следниот чекор, според Ineratec, е омасовување на оваа технологијата со цел да стане достапна за брзо и ефтино сериско производство преку стандардизација, мултипликација и можност за складирање.