In Memoriam – Макс Мозли

Вести

Збогум за оснивачот на EuroNCAP

Извонредно богатиот животен пат на Макс Мозли како инспирација и оставина

објавено 26. мај 2021

Ако некој треба да го опише Макс Мозли во неколку збора тешко дека ќе успее. По образование правник тој целиот свој живот го посвети на автомобилизмот. Кариерата ја започна како возач, беше сопственик на Ф1 тим, застана на чело на FIA а богатата кариера ја заврши како оснивач и главен пропагатор на EuroNCAP, организација која се залага за зголемување на безбедноста кај автомобилите на чие чело беше од формирањето во 1997 до 2004 година. Имаше огромно влијание во автомобилизмот со што успеа безбедноста на возилата да го стави како императив не само за производителите туку и за потрошувачите. По неговото пензионирање, Макс Мозли продолжи да ја поддржува безбедноста на патиштата, особено како доверител и претседател на Глобалната програма NCAP за пазарите во развој.