Германците на американскиот трон
објавено на 17 февруари 2022
BMW Manufacturing, компанијата што ги произведува скоро сите теренци на марката од Минхен – од X3 до X7, осма година по ред останува на тронот како најголеми извозник на автомобили во Соединетите Американски Држави гледано според вредноста. Според податоците на американското министерство за трговија фабриката во Спартанбург лани има произведено 433.810 возила од кои се извезени 257.876 во вкупна вредност од преку 10 милијарди долари. Возилата на BMW произведени во Јужна Каролина отпатуваа во околу 120 земји низ светот со брод, освен оние за Канада кои беа транспортирани со железница. Најмногу за Кина – 24,1% од вкупниот извоз, потоа за Германија (12,3%), Јужна Кореја (9,4%), Канада (5,6%) и Велика Британија (5,4%).
Оваа успешна фабрика отворена 1992 година моментално вработува повеќе од 11.000 луѓе и има капацитет од 450.000 возила.


