Групацијата Hyundai работи на нови технологии за детектирање и спречување на опасни ситуации во кои можат да се најдат велосипедистите и пешаците, посебно децата.
Наречен Vision Pulse, овој систем се базира на безжична детекција со помош на широкобранова комуникација со висока точност на лоцирање до десет сантиметри и домет од 100 метри без оглед на препреките.
Системот користи едноставни модули кои можат да се постават било каде, на пример на училишните ранчиња на децата. Времето на одзив е од 1 до 5 милисекунди, а точноста високи 99 отсто.
Најзначајно е што системите за детекција на модулите веќе постојат во возилата – потребно е само да се прилагодат за нивно користење.


