Добро познатиот моноволуменец на Hyundai доби електрична верзија
Смотрата во Брисел Hyundai ја искористи да ја лансира Staria Electric.
Моделот е напојуван од мотор од 160 kW (218 КС). Батеријата од 84 kWh обезбедува проценета автономија до 400 километри. Благодарение на технологијата од 800 волти, Staria Electric може брзо да се полни од 10 до 80 проценти за приближно 20 минути.
Просторната внатрешност има два 12,3 инчни дисплеи и два реда удобни седишта. Комбето има функција „од возило до товар“ (V2L) и капацитет за влечење до два тона. Ќе биде достапен како возило со седум и девет седишта. Лансирањето на пазарот е закажано за втората половина од годината.



