За две бројки поголем?
По електричната лимузина следува адекватно спортско-корисно возило
Hyundai мистично ја објавува својата прва „седумка“ давајќи само срамежливи детали. Електричниот првенец во понудата на спортско-корисни возила на Hyndai е студијата наречена „Седум“ која дава референца за серискиот модел Ioniq 7 кој веќе се појавува на хоризонтот. Ќе се доближи јасно за да го видиме кон крајот на следната година. Концепт возилото ќе биде прикажано на 17-ти ноември на овогодинешниот AutoMobility LA во Лос Анџелес. Според приложените фотографии не може ништо да се открие, но јасно го дефинираат ставот дека Ioniq7 ќе користи светла веќе видени во Ioniq 5, таканаречените „Параметски пиксели“. Интериерот го продолжува концептот на дневна соба со ектравагантен мебел. За сега Hyundai не открива ништо за димензиите, моторите или техничките детали.