Hyundai (не) го купува Fiat

Hyundai (не) го купува Fiat

Објавено на 4 јули 2018 година

Две вести го разбрануваа автомобилскиот свет – ќе има ли трета? Или поточно би било да прашаме кога таа ќе пристигне. Нормално беше Корејците да демантираат дека Hyundai ќе го купи Fiat Chrysler. Да потврдеа дека се заинтересирани, акциите на итало-американскиот автомобилски производител ќе отидеа до небо, и тоа во моментот кога се очекува нивно постојано лизгање надолу не само заради кризата во која се наоѓа туку најмногу заради претстојниот крај на аранжманот со Серџо Маркјоне. А не е никаква тајна дека тој одамна бара партнер со кој би ги здружиле силите и на кој би се префрлиле трошоците за развој и производство. Сите негови досегашни обиди пропаднаа, така што не треба да чуди доколку негова желба за заминување е да го направи клучниот историски чекор. Од друга страна, пак, Hyundai со купувањето на Fiat Chrysler ќе си обезбеди здраво место на автомобилскиот пазар – не само европскиот, туку и глобалниот бидејќи со тоа ќе стане најголем светски производител.

Ако вака поставени се гледаат работите, испаѓа дека корист од зделката ќе имаат и двете страни – FCA ќе си ја обезбеди иднината, а Hyundai сатисфакцијата за сето досега сработено во последните 51 година колку што постои. Но како и да е, до мај идната година кога му истекува договорот на Маркјоне, има уште доста време за нови вести.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER