Hyundai Motor Group – TomTom

Специјалистот за навигација и технологија за геолокација е избран од Hyundai Motor Group за вградување и поддршка во сите возила наменети за европскиот пазар. Соработката на двете компании започна со луксузната марка Genesis, која е во сопственост на Hyundai Motor Group. Сега сите купувачи на Hyundai и Kia во Европа ќе имаат навигација и функции за автоматско возење од второ ниво во нивните возила ќе уживаат во висококвалитетните мапи на TomTom.  Напредните мапи им помагаат на производителите на автомобили да ги поместат границите на автоматизацијата овозможувајќи им на напредните системи за помош на возачот (ADAS) подобро да го предвидат патот. TomTom ADAS Map им обезбедува на овие системи поквалитетни информации за патиштата, вклучувајќи наклони, ленти, свиоци и ограничувања на брзината, подобрување на безбедноста, удобноста и еколошките перформанси. Хјундаи Мотор Груп е еден од најиновативните и најпромислените играчи во автомобилската индустрија создавајќи пионерски решенија кои обезбедуваат слобода на движење на безбеден, пријатен и чист начин.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER