Титулата резервирана за Hyundai
Годинешниот избор за Светски автомобил на годината помина иско како и ланскиот, со потполна доминација на Hyundai
Компанијата е иста, различен е моделот. Тоа е кусото сиже на резултатите од изборот за Светски автомобил на годината. Идентично како и лани кога Ioniq 5 триумфираше, и годинава неговиот поголем брат Ioniq 6 победи во генералниот пласман и во две посебни категории.
Церемонијата на доделувањето на наградите се одржа во рамките на Њујорк мотор шоу каде Hyundai ги презеде трите освоени одличја. Покрај титулата Светски автомобил на годината за 2023, Ioniq 6 е прогласен за Светски електричен автомобил на годината и за најдобро дизајниран автомобил на годината.

Воедно, Санг Јуп Ли, подпретседателот на компанијата и челник на дизајнерскиот центар на Hyundai и Genesis е прогласен за личност на годината во светот на автомобилите. Но, тука доминацијата на Корејците не запира. Посебно признание Светски перформансен автомобил за 2023 му припадна на KIA EV6 GT.
На церемонијата доделени се уште две признанија. Трофејот за Светски луксузен автомобил за 2023 го освои Lucid Air додека Citroen C3 е Светски урбан автомобил.



