Познати првите пет заеднички возила
Hyundai и General Motors ги објавија деталите за својата соработка и плановите за првите пет возила кои заеднички ќе ги развиваат. Според нивното соопштение, компактен SUV, автомобил и два пикапи ќе бидат наменети за пазарите на Латинска Америка, сите со погонски системи со мотори за внатрешно согорување со или без хибридни можности а за САД и Канада пак ќе биде развиено електрично комерцијално возило. GM ќе го предводи развојот на платформата за пикапите, додека Hyundai ќе биде задолжен за другите модели. Дизајнот и внатрешноста пак за секоја марка ќе бидат сопствени. Со комбинирано производство на овие возила во капацитетите што двете компании ги имаат низ континентот на купувачите ќе им биде овозможен поголем, поквалитетен и поконкурентен избор според нивните потреби. Се очекува заеднички развиените возила да достигнат продажба од 800.000 примероци годишно. Првите примероци се очекуваат на пазарот во 2028 година.


