Hyundai Boulder Concept – Лут теренец или саемска атракција?

Со новиот концепт Hyundai ја оствари целта. Без оглед дали ќе стане сериски модел или не, тој го привлече вниманието на светската јавност!

Класичен американски изглед, токму онака како го сакаат љубителите на теренски возила, се појави на штандот на Hyundai.

Кутиестиот Boulder Concept ги изненади посетителите на Меѓународниот саем за автомобили во Њујорк. Впрочем, најавен е како студија за модел од средна класа со пет врати, чие производство е закажано за четири години.

Како што беше објавено, од него може да произлезе и  пикап. Hyundai Boulder Concept е изграден врз првата целосно затворена архитектура на скалеста рамка на брендот.

Долг е 4,91 метри и неговите задни врати се отвораат во спротивен смер за лесен пристап до вториот ред седишта. Рачките и куките за влечење се направени од рефлективен материјал, што го прави возилото многу видливо ноќе.

Исто така, иновативна е и задната врата со двојна шарка, која може да се отвори од двете страни. Задниот прозорец  електрично се извлекува, што овозможува дополнителен простор за долги предмети или вентилација. Boulder е дизајниран за лесно монтирање на додатоци.

Внатрешноста на концепт автомобилот користи робусни материјали низ целиот простор. Најчесто користените контроли се со физички копчиња и рачки кои лесно се достапни и обезбедуваат безбедно манипулирање дури и при возење по груб терен.

Поради царинските политики на САД, идните модели поставени на скалести рамки не само што ќе бидат дизајнирани и развиени во Америка, туку и ќе се произведуваат таму со употреба на американски челик произведен од Hyundai.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER