Hyundai – горивни ќелии

Поглед во иднината

Силно на водород!

По се изгледа дека иднината е во водородот

објавено 22. декември 2020

Hyundai оснива сестринска компанија за понатамошен развој и маркетинг на својот систем на горивни ќелии. Името HTWO на англиски е молекулата на водородот H2. Логото со двојно ”Н” е исто така наменето да ги симболизира двата збора Водород и Хуманост. Hyundai сака понатаму да го развива својот систем на горивни ќелии за употреба во воздушни такси услуги, бродови и возови. Покрај тоа, цената на технологијата треба да се намали, перформансите да се зголемат и да се продолжи работниот век. Во 2013 година Hyundai го лансираше во сериско производство ix35 Fuel Cell, својот прв електричен автомобил на горивни ќелии. Негов наследник е Nexo. Теренските тестирања се спроведуваат и во Швајцарија со тежок камион на водороден погон X-Cient Fuel Cell. Корејскиот производител на автомобили е член на Советот за водород, глобална асоцијација на енергетски, транспортни и индустриски компании кои сакаат да воспостават водород како енергетски носач.