Хрватска се подготвува за автономните возила

Заради Rimac се менува законот за безбедност во  сообраќајот

Со промена на легислативата Хрватска се подготвува за автономните возила кои Rimac ќе ги изнесе на улиците на Загреб во 2026 година. Измените на законот за безбедност во сообраќајот кои министерството за внатрешни работи ги испрати на јавна расправа се ускладени со уредбите на Европската унија и детално ги уредуваат сите аспекти потребни автономните возила да се најдат во редовен сообраќај. Со нив се прави разлика меѓу полуавтономните и целосно автономните возила, но и во двата случаи се утврдува дека одговорноста за евентуалните несреќи е на сопственикот на возилото. Тој исто така е должен и да ги бележат податоците за движењето на таквите возила кои мораат да имаат видео надзор во реално време и да ги достави на полицијата во случај на инцидентни ситуации. Предвидено е и автономните возила да можат да се движат само во границите на подрачјата кои им се одобрени од страна на министерството за внатрешни работи и да бидат јасно означени. Казните за непочитување на новите правила се високи и се искачуваат дури до 132.000 евра, а со сума од една до пет илјади евра ќе бидат казнети и оние кои ќе им пречат на автономните возила.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER