Кој автомобил најдобро одговара за вашиот астролошки знак?
Оправдано или не што некои луѓе ги водат своите животи според астрологијата, хороскопот може да каже интересни работи за секого од нас. Затоа и го подготвивме овој краток водич за избор на автомобил за кој веруваме ќе ви биде забавен.
Овен (21.03-20.04)
Со животот на родените во знакот на овен управува Марс, што значи дека заслужуваат моќен автомобил што го одразува нивниот смел карактер, најмалку нешто како Ford Mustang.
Бик (21.04-21.05)
Иако според називот на зодијачкиот знак би рекле дека ги карактеризира нескротливоста, биковите под водство на Венера попрво би се одлучиле за нешто луксузно и раскошно, како Bentley Flying Spur.
Близнаци (22.05-21.06)
За нив нема идеален автомобил – незапирливата желба за постојано движење без препреки наложуваат да изберат мотоцикл, и тоа не било каков – само најмоќното како што е Honda Fireblade.
Рак (22.06-22.07)
Како луѓе чиј карактер го краси рационалноста, родените во знакот на рак секогаш ќе изберат нешто практично што попрво ќе ги задоволи желбите на другите отколку нивните, на пример Škoda Octavia.
Лав (23.07-23.08)
Лавовите со својот инаетлив табиет често се соочуваат со недоумици во изборот бидејќи ќе му најдат маана и на најдоброто, но сепак ќе се одлучат за најскапите премиум модели како што е Mercedes S-класа.
Девица (24.08-23.09)
За девиците нема многу дилеми – тие ќе изберат она што сите го купуваат, на пример Tesla Model Y.
Вага (24.09-23.10)
Влијанието на Венера ги прави неодлучни бидејќи сé им се допаѓа но сепак најмногу ќе ја ценат атрактивноста заради што изборот ќе падне на нешто како Porsche 911 Targa.
Скорпија (24.10-22.11)
Лутиот карактер нема да дозволи нешто безлично и изборот ќе падне на автомобил како Maserati Quattroporte макар и не биле задоволни со она што го нуди.
Стрелец (23.11-21.12)
Желбата за екстравагантност ќе превладее во изборот на автомобил кој мора да биде впечатлив и покрај недостатокот на практичност, значи нешто како Jeep Wrangler.
Јарец (22.12-20.01)
Под команда на Сатурн нивниот карактер е прилично чувствителен на сé, заради што нема да дозволат никакви компромиси околу комфорот и безбедноста какви што на пример нуди Range Rover.
Водолија (21.01-19.02)
Сакајќи сé да имаат под контрола водолиите нема да се решат за автомобил што ќе им ја поремети рутината на секојдневието и ќе изберат нешто трајно и издржливо како што е Toyota RAV4.
Риби (20.02-20.03)
Како и сé друго во своите животи, рибите ќе го сакаат автомобилот на кој нема да гледаат само како на средство за превоз, што значи дека ќе се определат за нешто со што ќе бидат поврзани емотивно, на пример Mini Cooper.













