Во соработка со властите на сојузната американска држава Охајо, Honda разви проактивен систем за следење на состојбата на патиштата кој овозможува нивното одржување да биде поефикасно а безбедноста во сообраќајот поголема.
Проектот со кој се проценува дека ќе се заштедат околу 4,5 милиони долари годишно веќе ја помина пилот фазата чии резултати се импресивни
– податоците кои возилата ги собираат во возењето ќе помогнат за намалување на времето потребно за откривање на оштетувањата и за оптимизација на нивната поправка.
На него се работи од 2021-ва година за кое време возилата опремени со напредни сензори и камери во различни услови следат околу 4.800 километри патишта. Се откриваат стари, оштетени или скриени од погледот сообраќајни знаци, дупки на коловозот,
состојбата на банкините, заштитните огради и хоризонталната ситуација и лошиот квалитет на асфалтот. Податоците што ги испраќаат тест возилата се следат и обработуваат во реално време што овозможува практично моментална реакција на службите за одржување.
Според она што досега се знае откривањето на проблемите со инфраструктурата е доста прецизно – точноста се движи меѓу 89 и 99 отсто.


